|
Напишано од eclipse-x
|
|
22.01.2007. |
|
Слaвко Милосaвлевски (роден во с. Вратница, Тетовско нa 28 јануари 1928) е македонски социолог, дисидент од времето на комунизмот.
Основно училиште зaвршува во с. Врaтницa, a гимнaзијa во Скопје. Дипломира на Прaвниот фaкултет во Скопје во 1957 годинa. По зaвршувaњето нa Прaвниот фaкултет, во периодот од 1958 до 1960 годинa заминува нa постдипломски студии во Институтот зa општествени нaуки, во Одделението зa политички нaуки. |
|
Последно ажурирање ( 5.05.2007. )
|
|
|
Напишано од eclipse-x
|
|
20.01.2007. |
|
Во последниве неколку години, во Вратница е традиција да се празнува празникот Водици преку симболично фрлање на крст во вратничката река. Оваа година среќата да го фати крстот му припадна на Тони Крстевски, за кого кумовите и организаторите приредија неколку награди. Екипа на Vratnica.net беше на местото на настанот. За видео и повеќе информации, кликни тука. |
|
Последно ажурирање ( 5.05.2007. )
|
|
|
Напишано од eclipse-x
|
|
19.01.2007. |
|
Од денес, до сајтот може да се пристапи и преку доменот Vratnica.eu. Приликата ја користам уште еднаш да изразам јавна благодарност до Андреас за регистрација и одржување на двата домени: Vratnica.net и Vratnica.eu.
|
|
Последно ажурирање ( 5.05.2007. )
|
|
|
Од дека да појдеш, у Вратница ќе дојдеш |
|
Напишано од eclipse-x
|
|
18.01.2007. |
|
Во последно време Вратница станува сè поприсутна во македонските печатени и електронски медиуми. Саше Антиќ на својот блог има забележано неколку моменти, меѓу кои: репортажата во Форум Плус и сајт на денот во Неделно Време.
Јас тука би ја додал и статијата на Јана Танаскова во Неделно Време - „Од дека да појдеш, у Вратница ќе дојдеш“, која дава концизен, но многу реален опис и слика на некагашниот и сегашниот живот во Вратница. |
|
Последно ажурирање ( 5.05.2007. )
|
|
|
Добредојдовте на Vratnica.net |
|
Напишано од eclipse-x
|
|
16.01.2007. |
|
Vratnica.net е локацијата на новата веб презентација на Вратница. Покрај корисните информации кои ќе ги најдете на овој веб сајт, имате можност за разгледување на фото галерии, интеракција преку коментари итн.
Доколку станете редовни посетители на сајтот ви препорачуваме бесплатно да си отворите сопствен налог кој ви нуди многу бенефиции како можност за пишување на коментари и написи под единствено име, како и нивно уредување, можност за додавање на веб страни во листата со линкови итн. Уживајте во вашиот престој. |
|
Последно ажурирање ( 5.05.2007. )
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>
|