Историја | Историјата на Вратница |
|
| Напишано од Саше Антиќ | |
| 13.01.2007. | |
Вратница за прв пат се споменува во Турските книги и документи во XV-от век. Забележано е дека во тоа време во Вратница живееле 59 семејства. До XVIII-от век постоеле разни видови на миграција, но не е доволно јасно како тие се случувале и каква била положбата на Вратница во тоа време.Селото Моравце е исто така важно за историјата на Вратница. Тоа се наоѓало на само 800 метри од денешна Вратница. Во времето на турската окупација жителите на ова село биле угнетувани, така што биле приморани да бараат подобри услови за живот. Тие се насочиле кон север, накај Косово и средна Србија, но повторно биле приморани да ги напуштат и овие краишта. Конечно, тие се вратиле назад и заедно со луѓето кои останале во родната земја ја формирале современа Вратница. Потекло на името Се смета дека Вратница го добила името поради миграциите што ги вршеле нејзините жители и враќањето во родниот крај. Исто така постои една друга теорија дека вели името потекнува од фактот дека Вратница е премин (врата) помеѓу Качаник и Полошката котлина. |
|
| Последно ажурирање ( 22.05.2007. ) |
| 24.06.2009 | 22.30 |
| Eclipse-x In The Mix |