Skip to content

Vratnica.net

Narrow screen resolution Wide screen resolution Increase font size Decrease font size Default font size default color black color cyan color green color red color
Почетна arrow Стопанство arrow Лов и риболов
Лов и риболов Испечати
Напишано од Саше Антиќ   
13.01.2007.
ImageВо Вратница има многу љубители на ловот и риболовот. Ловците, во главно, се организирани во Ловечкото Друштво „Љуботен“, додека пак риболовците се организирани во риболовното друштво „Ракита“.

Ловците се насочени кон заштита и прихрана на дивечот и убивање на штетниците. Во овој крај ги има преку 120-тина. Риболовците имаат неколку опции за задоволување на своите страсти. Можат да фаќаат риба на неколкуте реки во овој крај или пак на околните природни езера.

Особено богата со риба е Беловишката река и тоа со планинска речна пастрмка. Вратничката река Ракита до пред извесно време беше исто така богата со риба особено во горниот тек. Но, по големото невреме што се случи во средината на 90-тите години, бројот на риба значително се намали.

Ловечко друштво „Љуботен“

Благодарејќи на прекрасната природа која ја опкружува Вратница, има доста луѓе на кои им претставува задоволство да се прошетаат наоколу заедно со своите пријатели. Едни од тие луѓе се и ловците, кои покрај грижата за природата се грижат и за дивите животни.

На 25-ти Мај 1990 година е формирано Ловечкото Друштво „Љуботен“ - Вратница. Истото брои 40-50 ловци само од Вратница, а има и ловци од соседните населби. Како што беше наведено погоре, неговата намена е заштита и прихрана на дивечот и убивање на штетниците. Од 2001 година ова Ловечко Друштво добива и свое официјално ловиште кое се протега на потегот Јажинце - Сиричино.

Секоја година на стартот на ловечката сезона (11 Октомври) се одржува другарска средба на ловците од Вратничкиот крај.

Поштенски адреси:
Ловечко Друштво „Љуботен“
1225 Вратница, Македонија

Риболовно Друштво „Ракита“
1225 Вратница, Македонија
Последно ажурирање ( 30.05.2007. )
 
Travel2Macedonia.com.mk - National traveling & tourism portal

Моја сметка






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете

Настани

Нема пријавено настани за оваа недела.

Анкета

Традиционален Првомајски Турнир - Вратница 2009:
 

Мета

Кој е онлајн

Имаме 17 гости и 1 член на оваа страница
  • expdtr