Skip to content

Vratnica.net

Narrow screen resolution Wide screen resolution Increase font size Decrease font size Default font size default color black color cyan color green color red color
Почетна arrow Стопанство arrow ИГМ - Вратница
Индустрија за градежни материјали Испечати
Напишано од Саше Антиќ   
13.01.2007.
ImageИндустријата за Градежни Материјали „Вратница“ А.Д. - Вратница е основана во 1974 година. Од тогаш па се до почетокот на деведесетите години од минатиот век фабриката работи во склоп на Хемиско Електрометалургискиот Комбинат „ЈУГОХРОМ“ од Јегуновце. Некаде во средината на 90-тите истата се трансформира во Акционерско Друштво.

Во составот на ИГМ „Вратница“ А.Д. - Вратница влегуваат: Фабриката за бетонски елементи сместена во Вратница, Хотелот „РИВИЕРА“ во Охрид и Планинското одморалиштето „Љуботен“.

Фабриката лоцирана во Вратница е составена од два производни погона и тоа:
  • Рудник и сепарација
  • Погон за бетонски елементи и галантерија

Хотелот „РИВИЕРА“ во Охрид се наоѓа на самиот кеј на Охридското Езеро, на само триесетина метри од местото каде во брегот заплискуваат водите на едно од трите најстари езера во светот. Да драги мои, тоа е Охридското Езеро.
А, што е со Планинското одморалиште „Љуботен“? Тоа е сместено на една од најубавите светски планини - Шар Планина. Лежи во подножјето на шарпланинскиот убавец - врвот Љуботен, од каде се протега прекрасен поглед на целиот Полог, па и многу подалеку. со, тоа е друга приказна.

Да се вратиме на ИГМ „Вратница“ А.Д. - Вратница. Во ова Акционерско Друштво вработени се вкупно околу 120 луѓе, вклучувајќи ги сите горенаведени составни делови на претпријатието. ИГМ „Вратница“ А.Д. - Вратница одигра голема улога во зачувувањето на урбаниот начин на живот во овој крај, имајќи во предвид дека уште од почетокот на 20-тиот век (1903 година) кога првиот вратничанец Ѓеро Антевски го препловил Атланскиот Океан за да запре во Детроит (САД) па се до денешни дни, голем е бројот на овдешните луѓе кои барајќи подобри услови за живот го напуштаат родниот крај и заминуваат на печалба во некоја далечна земја.

Ова во кратки црти е срцевината за ова Акционерско друштво. Доколку сакате да добиете уште некои подетални информации за ИГМ „Вратница“ А.Д. - Вратница, обратете се на следнава е-маил адреса: igmvratnica[at]mt.net.mk . (Посочете дека се јавувате по препорака на Саше Антиќ, и постои можност да добиете попуст.)

Поштенска адреса:
ИГМ „Вратница“ А.Д. - Вратница, 1225 Вратница, Македонија
Контакт телефон: +389 44 451-010

Доколку имате можност и интерес за поблиско запознавање на истото, Ве молиме да го посетите.
Последно ажурирање ( 30.05.2007. )
 
Travel2Macedonia.com.mk - National traveling & tourism portal

Моја сметка






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете

Настани

Нема пријавено настани за оваа недела.

Анкета

Традиционален Првомајски Турнир - Вратница 2009:
 

Мета

Кој е онлајн

Имаме 13 гости на оваа страница