Бадник и Василица | Бадник и Василица |
|
| Напишано од Драган | |
| 13.01.2007. | |
На 6 јануари (Бадник) некаде околу 15:00 часот, машките деца се собираат во групи од 3 до 5 члена и одат во сите куќи низ Вратница пеејќи коледарски песни за што добиваат подароци (јаболки, круши, ореви, костени, лешници итн).Откако ќе ги поминат сите куќи и ќе се одморат, заедно со останатите селани се собираат во центарот на Вратница каде што се пали коледарски оган. Таму се пеат песни, се јаде и пие принесеното од кумовите и се делат бадникови гранчиња. Се разбира, тука е и колачот со три парички кои ги добиваат најсреќните Вратничани. Според старите кажувања, оној што ќе добие паричка, ќе има среќа во текот на целата година. Една недела подоцна, на 13 јануари (Василица) сите мажи од Вратница, тргнувајќи од сред село ги поминаваат сите куќи. Тие пеат, играт и собираат подароци. Предводници на групата се бабата и дедото (млади маскирани момци) кои што прават мала претстава пред секоја куќа. Една недела подоцна, во трпезаријата на црквата Св. Петка, се прави ручек од насобраните подароци. Ручекот започнува некаде околу 15:00 часот и трае сe до доцните вечерни часови. Освен јаденето, се разбира, тука се и музиката, песните и ората. |
|
| Последно ажурирање ( 30.05.2007. ) |
| Нема пријавено настани за оваа недела. |