Skip to content

Vratnica.net

Narrow screen resolution Wide screen resolution Increase font size Decrease font size Default font size default color black color cyan color green color red color
Почетна arrow Водокрст - Водици
Водокрст - Водици Испечати
Напишано од Драган   
13.01.2007.
ImageОд пред неколку години, на 19 јануари во Вратница почна да се празнува празникот Водици преку симболично фрлање на крст во реката Ракита.

Како што е обичајот, од црквата Св. Петка тргнува група на млади луѓе од Вратница предводени од свештено лице. Тие одат до реката, некаде околу 100 метри над мостот каде што е направен вир (витал).

Непарен број на млади луѓе влегуваат во ладните води на реката со цел до го фатат крстот кој што го фрла свештеното лице. Оној што ќе успее да го фати крстот добива симболична награда од организаторите и спонзорите на манифестцијата.

Сите младинци кои скокаале по крстот во доцните вечерни часови одат кај сите селани и им носат од водата во која што бил фрлен крстот. Покрај тоа, на овој ден крши погача со паричка и се избираат кумови за наредната година кои со своите придонеси ја збогатуваат прославата.
Последно ажурирање ( 30.05.2007. )
 
Travel2Macedonia.com.mk - National traveling & tourism portal

Моја сметка






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете

Настани

Нема пријавено настани за оваа недела.

Анкета

Традиционален Првомајски Турнир - Вратница 2009:
 

Мета

Кој е онлајн

Имаме 7 гости на оваа страница