Skip to content

Vratnica.net

Narrow screen resolution Wide screen resolution Increase font size Decrease font size Default font size default color black color cyan color green color red color
Почетна arrow Првомајски Турнир
Travel2Macedonia.com.mk - National traveling & tourism portal
Традиционален Првомајски Турнир Испечати
Напишано од Саше Антиќ   
13.01.2007.
ImageСекоја година на први и втори Мај во Вратница врие како во кошница. А, што е причината за сето тоа? Приказната следува...

Веќе триесетина години наназад по традиција на 1-ви Мај во Вратница се одржуваат спортски натпревари во фудбал, ракомет, кошарка... Овој ден е голем празник за Вратничани. Населбата се полни со луѓе кои доаѓаат од сите страни.

Главниот настан е на спортските терени на Основното Училиште „Симче Настовски“. Полно луѓе, насмеани лица, сонце, музика, спортисти желни за витешка фер борба.

Некако сиот овој гламур замре на почетокот на 90-сетите години, но благодарение на Здружението на Млади од Вратница, од 1996 година па навака турнирот се враќа на старите добри патеки.
За разлика од изминатиот период кога на турнирот повеќе се практикуваше ракометот, денес поголем акцент се става на фудбалот и кошарката.

За последните 10 години турнирот доби на квалитет, квантитет и секако на популарност. На него учество земаат не само екипи од околните населби, туку и од повеќе градови и населби од Македонија (Скопје, Тетово, Битола, Ѓорче Петров..), а организаторите - Здружението на Млади на Вратница, се ставени на слатки маки. Имено, поради големиот број на екипи се размислувава и на правење на „All Star Weekend“ - нешто налик на НБА, настан кој би траел 2-3 дена.

Екипите од Вратница кои што се натпреваруваат во фудбал и кошарка имаат доста забележителни настапи. Така фудбалерите имаа освоено едно прво место, а две години беа на 2-то место (Секако сметајќи од '96-та навака). Кошаркарите пак, кои верувам дека се можеби и подобри од некои македонски екипи кои играат во првата кошаркарска лига, ги имаа следниве постигнувања:

  • 1996 година - III место
  • 1997 година - II место
  • 1998 година - I место » Шампиони!
  • 1999 година - II место
  • 2000 година - поради дожд немаше кошарка
  • 2001 година - II место
  • 2002 година - поради „X“ причини немаше кошарка
  • 2003 година - I место » Шампиони!
  • 2004 година - II место
  • 2005 година - I место » Шампиони!
  • 2006 година - I место » Шампиони!
  • 2007 година - III место
  • 2008 година - I место » Шампиони!

Треба да се напомене дека бројот на екипите кои се натпреваруваа секогаш беше висок, и тоа 12-16 за фудбал и 4-8 за кошарка. Така целиот ден почнувајќи од 8 часот наутро, па се до 17-18 часот попладне, нон-стоп имаше некој натпревар.

Не можам да Ви ја опишам атмосферата која владее тој ден во Вратница. Стотици луѓе, стотици автомобили, врева, турканици да се фати подобро место на трибините во О.У. „Симче Настовски“ и околината на спортските терени. Сето ова може само Вие самите да го доживеете.

Надевајќи се дека Ви доловив барем мал дел од она што се случува на 1-ви Мај во Вратница, Ве повикувам да бидете и Вие дел од овогодинешниот Традиционален Првомајски Турнир.
Последно ажурирање ( 13.05.2008. )
 

Моја сметка






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете

Настани

24.06.2009 | 22.30
Eclipse-x In The Mix

Анкета

Традиционален Првомајски Турнир - Вратница 2009:
 

Мета

Кој е онлајн