Оган во Вуклево | Оган во Вуклево |
|
| Напишано од Саше Антиќ | |
| 13.01.2007. | |
Палењето на оган вечерта на 1-ви Мај е нешто што со генерации наназад се практикува во Вратница. Локацијата на огнот е месноста Вуклево, која се наоѓа на север од Вратница во дабово-костеновата шума, и тоа одејќи околу 10-на минути пеш од центарот на селото.На овој настан кој се одвива во вечерните часови, присуствуваат многу луѓе од Вратница, како млади, така и повозрасни. Подготовките за палењето на огнот се одвиваат паралелно со турнирот, па така и настаните следат еден по друг. И двата се во организација на Здружението на Млади на Вратница. Некаде после 19-20 часот се тргнува со запалени факели од средсело кон Вуклево, за да таму не пречека огромна грамада од дрвја кои биле претходно подготвени за палење. Се пали голем оган, кој верувам можат да го видат дури и од некоја далечна ѕвезда. Додека тој гори, се пеат песни и се наздравува со донесеното пиење. Има смеа, забава, шеги, и што ли уште не. Во Вуклево се останува додека не згасне и последната искра пламен од претходно распламнетиот оган. Полека се симнуваме кон Вратница и секој ја продолжува забавата долго во ноќта според своја желба. Драго ми е дека и оваа година ќе бидеме во Вуклево и ќе ја продолжиме традицијата на нашите предци. |
|
| Последно ажурирање ( 30.05.2007. ) |
| Нема пријавено настани за оваа недела. |