Второмајски излети | Второмајски излети |
|
| Напишано од Саше Антиќ | |
| 13.01.2007. | |
Традиција е од многу одамна на Втори Мај да се оди на излет. Така е барем во нашиот крај. Како и на 1-ви Мај кога Вратница е полна како кошница со пчели поради Турнирот во мал фудбал и кошарка, така и на 2-ри Мај врие од луѓе.Вратница, а и околните населби се полни со излетници. Зелените ливади покрај патот од Беловиште па се до Рогачево се нивната најомилена дестинација. Сепак Вратница е најначичкана со посетители не само од околината, туку и од блиските градови. Пред 10-15 години (крајот на 80-тите од минатиот век) за Втори Мај имаше многу повеќе гости отколку денес. Околу Вратничкиот мотел се чувствуваше некој посебен шмек: имаше неброено многу забавни игри, разноразни играчки и дребулии за децата, рингишпил и што ли уште не. На секое лице имаше насмевка. Не дека во последниве години нешто слично не се случува, туку како да е со малку помал сјај. Сепак и денес се прави скара како и порано, се шета покрај мотелот и мостот на реката Ракита, се намигнува на девојките и момчињата кои се дојдени „од страна“. Младите се забавуваат со своите друштва на некоја полјана или во кафе баровите „Jack Daniel's“ или „Анастасија Н.Г“. Доколку оваа година решите за Втори Мај да одите на излет, изберете ја Вратница како своја дестинација. |
|
| Последно ажурирање ( 30.05.2007. ) |
| Нема пријавено настани за оваа недела. |