Илинден на Љуботен | Илинден на Љуботен |
|
| Напишано од Саше Антиќ | |
| 13.01.2007. | |
|
За овие 2 дена на Љуботен може да се види сe’ и сешто. Преку ден некои луѓе шетаат по планината, некои берат планински чај, други се кријат од жешкото летно сонце. Вредно е да се посетат некои преубави места кои се во близина: врвот Љуботен, Козја Карпа, Џандарска Бука, Рогачески Корита, Ливадица... Вака е преку ден, а навечер.. Во вечерните часови се палат големи огнови, и покрај нив се пеат песни, се кажуваат шеги, закачки, се нуди пријателот со некој пијалок... Фештата трае до раните утрински часови. Малку подоцна околу планинскиот дом може да се сретнат мамурливи лица кои веројатно се напиле малку повеќе минатата ноќ. Кога сонцето е највисоко на небото, скоро сите минатовечерни „славеници“ се на нозе. Секој се труди да направи уште некоја далавера што не му успеала во изминатите денови. :) Доцна попладнето сите задоволни од убаво поминатите празнични денови, се упатуваат надолу кон своите населби. Навистина е прекрасен овој Љуботен! |
|
| Последно ажурирање ( 31.05.2007. ) |
| Нема пријавено настани за оваа недела. |