Здружение на млади | Здружение на Млади |
|
| Напишано од eclipse-x | |
| 13.01.2007. | |
Здружението на Млади на Вратница е невладино и непрофитабилно младинско здружение, кое за воља на вистината, се уште не е регистрирано, но функционира како такво повеќе од 55 години наназад (според кажувањата на постарите граѓани на Вратница).Моментално, здружението брои 65 членови (36 машки и 27 женски) чии цели воглавно се насочени кон продлабучување на другарството и зближување на младите луѓе од Вратница преку најразлични активности за дружење и рекреација. Во текот на изминатиот период беа организирани повеќе младински работилници, беа преземени многу активности и неколку акции во Вратница, како и неколку донации во вид на храна и облека за финансиски најзагрозените семејства од регионот. Здружението на Млади секоја година организира по неколку настани, меѓу кои: Традиционалниот Првомајски Турнир во мал фудбал и баскет, прослава по повод селската слава Св. Константин и Елена, прослава по повод Василица, неколку младински забави итн. Моментално се работи на финализирање на реконструкцијата на Младинскиот клуб кој се наоѓа во Домот на културата во Вратница. |
|
| Последно ажурирање ( 22.05.2007. ) |
| 24.06.2009 | 22.30 |
| Eclipse-x In The Mix |