Амбуланта
Напишано од Саше Антиќ   
13.01.2007.
ImageЗдравствениот Пункт - Вратница, или по нашки Амбуланта, започнал со работа некаде во средината на 60-тите години на минатиот век. Тој влегува во склоп на Медицинскиот Центар - Тетово.

Првата локација на амбулантата во Вратница била на сред село, во зградата на денешната пошта. Таму опстојувала 20-тина години, за да во 1984 година биде пренесена на нова локација и во нов здравствен објект - месноста Царина.

За цело време на опстојувањето на Здравствениот Пункт - Вратница низ него поминуваат редица доктори и медицински сестри.

Од 1984 година па навака новиот изглед и можности на амбулантата придонесуваат за што подобра превентивна и тераписка медицинска заштита на луѓето од овој крај. Во текот на целата недела има лекар од општа пракса и 6-7 медицински сестри кои на пациентите им ја пружаат потребната здравствена нега. Во амбулантата постојат и аптека и стоматолоша ординација, се со цел да им се излезе во пресрет на пациентите.

Поштенска адреса:
Здравствен Пункт - Вратница, 1225 Вратница, Македонија
Контакт телефон: +389 44 451-029
Последно ажурирање ( 22.05.2007. )