Местоположба и демографија
Напишано од eclipse-x   
13.01.2007.
ImageВратница се наоѓа во северозападниот дел на Македонија, на 22 km оддалеченост од Тетово, и само 5 km од границата со Србија и Црна Гора.

Сместена е под прекрасната Шар Планина, на надморска височина од 720-750 метри и се простира на површина од околу 30-40 km2.

Нејзини кооридинати се 42 степени северна географска ширина и 21 степен источна географска должина.

Демографија

Како и другите села во Македонија така и во Вратница поради миграционите движења село - град, бројот на жителите се намалил од 1384 жители во 1961 година на 572 жители денес. Во 1994 година селото броело 572 жители, од кои Македонци 522 жители, Срби 33 жители и 17 жители изјаснети како “други“. Според најновиот попис од 2002 година Вратница брои 505 жители од кои:

  • Македонци 482
  • Срби 20
  • останати 3

Извор: Википедија
Последно ажурирање ( 23.05.2007. )