Пошта
Напишано од Саше Антиќ   
13.01.2007.
ImageПоштата во Вратница постои одамна. Веднаш после ослободувањето од фашистите во далечната 1945-та година, таа започнува да функционира во областа за која е наменета. Со текот на времето претрпува низа инфраструктурни и организациски промени, секако на подобро.

Сè до 1983 година поштата се наоѓа во Општинската зграда во Вратница, за да потоа се пресели во поранешните простории на амбулантата, во центарот на Вратница.

Новото време носи нови стандарди, па така денес поштата во Вратница е снабдена во сите неопходни средства за непречено извршување на своите дејности.

На ниво на целата Општина има поставено дигитална телефонска централа со дигитални телефонски врски, ISDN, како и брз ADSL интернет од МТнет. Постои сервис за разнесување на пратки до домовите, се вршат секаков вид телефонски, телеграфски и поштенски услуги, ни овозможуваат да се слушнеме со своите пријатели од целиот свет...

Контакт телефон: +389 44 451-001
Последно ажурирање ( 23.05.2007. )