Образование
Напишано од eclipse-x   
13.01.2007.
ImageВо Вратница веќе многу години наназад непрекинато работи централното основно училиште „Симче Настовски“. Во него се одвива редовна настава од I до VIII одделение и забавиште. Покрај тоа, ова е единствено училиште во тетовскиот регион во кое се изведува настава со ученици со лесни пречки во психичкиот развој.

Подрачни училишта: Старо Село и Рогачево, на македонски; и Јажинце, Орашје и Долно Орашје, на албански наставен јазик.

Наставата ја вршат повеќе од 30 наставници со високо и више образование, а во училиштето е вработен и стручен соработник - училишен психолог.

Учениците учествуваат на сите општински и регионални натпревари и освојуваат високи места. Секоја година барем еден наш ученик учествува на Републички натпревар.

Училиштето е вклучено во многу проекти и е опремено со компјутерска лабораторија со непрекинат брз Интернет пристап, училишна медиотека, преку 15 големи училници, спортска сала, интернат со капацитет од 80 легла, училишна менза итн.

Слободни ученички активности:

  • Драмска секција
  • Хор и оркестар
  • Литературна и рецитаторска секција
  • Балет-ритмичка група
  • Мали Олимписки игри
  • Секција на сообраќајни техничари
  • Библиотекарска секција
  • Цвеќарска секција

Училиштето организира повеќе еколошки акции меѓу кои:

  • Да го исчистиме светот
  • За чиста околина
  • Засадување на цвеќиња
  • Засадување на борова и багремова шума
  • скција на младите за здрава природна средина

Нашето училиште поседува:

  • Земјоделки површини за одгледување на компир, грав и пченка
  • Овоштарник со јаболки
  • Мини фарма за кокошки и свињи

Училиштето е добитник на многу награди и признанија, меѓу кои би ги спомнале општинските признанија за интернатот и за работата на централното основно училиште и подрачното училиште во Рогачево, како и многуте награди од фондот на „Кирил Пејчиновиќ“.
Последно ажурирање ( 23.05.2007. )