Југостил
Напишано од Саше Антиќ   
13.01.2007.
ImageСе бројат на прсти оние од Тетовскиот крај кои што не слушнале за чичко Југо - моден дизајнер, кројач, шивач.

По знаењето стекнато во Франција се враќа во родната Вратница и отвора свој шивачки дуќан. Тоа се случило во 1983 година. Потоа продолжува да работи во просториите на својот дом, за да во '90-те отвори и своја шивачка работилница во Тетово. Од пред скоро време пак и се враќа на Вратница.

Шие секаков вид на модели, кроеви. Сепак може да се каже дека специјалност му е женската гардероба, и тоа: женски комплети, капути, панталони, блузи, кошули...

Тој е еден од ретките во вратничкиот крај кој што не се занимава со трговија, туку со вистинска производна дејност.
Последно ажурирање ( 22.05.2007. )