| Култура и уметност |
| Напишано од Саше Антиќ | |
| 13.01.2007. | |
Во Вратница музиката, песната, забавата била присутна од памтивек. Секогаш во минатото, зависно од приликите, во Вратница се организирале игранки, приредби, театарски претстави... Гостувале повеќе познати македонски пеачи, театри, циркуски каравани.Но, и самите Вратничани знаеле да направат добра приредба за себе, како и за пријателите од околните населби. Во поново време во Вратница егзистирала и една дружина која нудела многу забава во овој крај. Се состоела од млади луѓе од Вратница кои во своето мени имале вклучено: народни ора и песни, драми, скечеви, рецитали, вицови, забавни песни, народни обичаи, а пред се ептен добра забава за тие што биле од другата страна на сцената, во публиката. Овие момци и девојки биле многу популарни во овој крај, но и пошироко. са нивните ноти, шеги.. играле и се смееле жителите на Вратница, Беловиште, Рогачево, Старо Село, Јегуновце, Теарце, Брвеница, Штрпце... Секој член на оваа дружина си имал своја конкретна улога и задача. Особено се истакнувал бендот кој бил составен од врвни музичари од Вратница: Ванчо - на хармоника, Јорде - бас гитара, Томе Баснар - соло гитара и Дракче Баснар - тапани. Биле најавувани како најдобра музичка група од Гостивар до Приштина, а верувам дека биле и многу повеќе од тоа. Од овој бенд подоцна се создаваат повеќе други групи кои ќе бидат авангардата на музичката звук и култура во Вратница. Кога се случувал некој поважен настан во Вратница, кога имало некоја свеченост, празник, игранка - оваа „луда дружина“ секаде го имала оставано својот белег. Драго ми е дека денес имам можност да контактирам со некои од овие луѓе, и да ги слушнам нивните стории за тоа како тие се забавувале и ги забавувале другите, со години во минатото. |
|
| Последно ажурирање ( 24.05.2007. ) |