Споменици
Напишано од Саше Антиќ   
13.01.2007.
ImageНа тлото на Вратница како и на целата општина може да се видат доста културно – уметнички знаменитости. Истите се од различен карактер, а преовладуваат оние со нишка од Народно Ослободителната Борба и оние со религиозен карактер.

Тука ќе наведеме неколку од нив.

Споменици посветени на паднатите борци од нашиот крај во Првата и Втората Светска војна има на неколку локации. Во дворот на Основното Училиште “Симче Настовски” се наоѓаат бистата на Симче састовски, и Обеликсот и Споменикот на паднатите борци во НОБ.

Споменици во чест на паднатите борци се наоѓаат и крај фабриката ИГМ „Вратница“, во црквата во Вратница, во месноста Вуклево, и во реонот на Беловиште. Културни знаменитости од друг карактер се наоѓаат и во соседните населби: познатата Стареселска чешма, изворот Калуѓер во Рогачево, споменикот во центарот на Беловиште и слично.

Здружението на Млади на Вратница и младинците од другите населби во своите активности вклучуваат и одржување на горенаведените знаменитости. Тоа е најмалку што може да направиме за нашите предци, за зачувување на нашето културно богатство.
Последно ажурирање ( 23.05.2007. )