Добредојдовте

Како што е веќе повеќегодишна традиција, секоја година на 1-ви мај на спортските терени на Основното Училиште „Симче Настовски“ во Вратница се одржува Традиционалниот Првомајски Турнир. Оваа година турнирот е со значително збогатена програма и, покрај спортските натпревари, вклучува наградни игри за публиката, културно-уметничка програма и директен пренос на Интернет.

Ги покануваме сите заинтересирани екипи да земат свое учество на натпреварите во мал фудбал и баскет, а воедно ги покануваме и сите граѓани со своето присуство да ја збогатат оваа традиционална спортска и културно-уметничка манифестација.

За забава на присутната публика ќе се погрижат Eclipse-X и DJ Alex De La Force. Покрај тоа, на турнирот свој настап ќе има и играорната секција на О.У. Симче Настовски. За публиката подготивме повеќе наградни игри на кои ќе се доделат вредни награди.

Покровители

Медиумски спонзори

Радио Телевизија КИСС

 

Статистика