Учество на турнирот
Правила за учество на турнирот во мал фудбал
Екипите кои учестуваат на натпреварите во мал фудбал треба да се состојат од 10 играчи (5 играчи, 1 голман и 4 резервни играчи). Учеството за секоја екипа изнесува 1.000 ден. Пријавувањето на екипите е на самиот ден на турнирот од 8:00 до 8:30 часот, а натпреварите ќе започнат во 9:00 часот. Секоја екипа има право во својот состав да вклучи до 1 професионален играч.
Награди:
- Пехар и парична награда за прво и второ место
- Награда за најдобар играч
- Награда за најдобар стрелец
Правила за учество на турнирот во баскет
Екипите кои учестуваат на натпреварите во баскет треба да се состојат од 4 играчи (3 играчи + 1 резерва). Учеството за секоја екипа изнесува 400 ден. Пријавувањето на екипите е на самиот ден на турнирот од 10:00 до 11:30 часот, а натпреварите ќе започнат во 12:00 часот. Секоја екипа има право во својот состав да вклучи до 1 професионален играч.
Награди:
- Пехар и парична награда за прво и второ место
